logo
logo
logo

Португалија има огромен број вакцинирани, па сепак воведуваат строги мерки

Vecer | 25.11.2021

Португалија има огромен број вакцинирани, па сепак воведуваат строги мерки

Властите наведуваат дека сите патници кои доаѓаат во земјата, дури и оние кои се целосно вакцинирани, мора да покажат негативен тест при пристигнувањето, пишува Ројтерс.

„Не е важно колку е успешна програмата за вакцинација. Треба да бидеме свесни дека влегуваме во фаза на поголем ризик“, изјавил премиерот Антонио Коста на денешната прес-конференција.

„Гледаме значително зголемување на бројот на нови случаи во ЕУ, а Португалија не е остров“, додаде тој.

Коста, исто така, најавил дека оние кои се целосно вакцинирани, мора да покажат негативен тест за коронавирус кога влегуваат во ноќни клубови, барови, настани и домови за стари лица, а носењето маски во затворен простор повторно е задолжително.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk