logo
logo
logo

Поранешниот шеф на терористичката ИД доби само 10,5 години затвор

Vecer | 24.02.2021

Поранешниот шеф на терористичката ИД доби само 10,5 години затвор

Вишиот покраински суд во Селе во германската сојузна држава Долна Саксонија денеска го осуди проповедник Абдуалазиз Абдула А., попознат како Абу Вала, за кого се смета дека е главен претставник на терористичката Исламска држава во Германија.

Тој добил десет и пол години затвор. Бил осуден за припадност на ИСИС и помагање при подготовка на тешки злосторства против германскиот уставен поредок.

„Абу Вала дејствуваше како претставник на Исламската држава во Германија, влијаејќи врз радикализација на многу млади луѓе и финансиски им помагаше да заминат да војуваат во редовите на Исламската држава во Сирија и Ирак“, објави претседателот на Судскиот совет, Франк Расенов.

Двајца германски конвертити кои патувале во Ирак преку оваа група, потоа извршиле самоубиствени напади со повеќе жртви.

Контактите со Абу Вала ги одржувал и Анис Амри, кој извршил терористички напад на Божиќниот саем во Берлин 2016 година.

Абу Вала има 37 години, роден е во Ирак и бил основач и лидер на германскиот исламски круг Хилдесхајм, забранет во 2017 година, поради неуставни активности. Сем Вала е во притвор од 2016 година.

Заедно со него, тројца други членови собрани околу оваа организација биле осудени за ширење омраза и поддршка на млади исламисти за одење во редовите на ИД. Тие добиле затвор од четири и пол до осум години. Еден од нив, чиј стан во Дортмунд служел како џамија и место за собирање на радикални исламисти, има и српско државјанство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk