logo
logo
logo

Поранешниот либански премиер Саад Харири се повлекува од политичкиот живот

Vecer | 24.01.2022

Поранешниот либански премиер Саад Харири се повлекува од политичкиот живот

Ваква одлука тој ја донел откако од него се огради Саудиска Арабија, земјата која го поддржуваше овој 51-годишен политичар, и земјата во која семејството Харири се збогати.

Во неговата политичка кариера Саад Харири трипати беше премиер на Либан, а сега е член на парламентот.

Неговиот покоен татко, Рафик Харири, еден од најмоќните и највлијателните политичари во Либан по крајот на граѓанската војна, беше убиен во Бејрут во голема експлозија на камион-бомба во 2005 година.

Трибуналот на ОН 15 години подоцна осуди член на екстремистичката Хезболах за вмешаност во убиството на Рафик Харири. Хезболах ги отфрли обвинувањата.

Саад Харири смета дека Либан нема шанси за позитивна иднина поради зголеменото влијание на Иран во земјата, како и поради внатрешните и секташки поделби и ослабената држава.

Тој призна дека не успеал да ја спречи најтешката либанска економска криза во модерното време, но кажа дека со компромиси направил се што можел за да ја избегне граѓанската војна во Либан, очигледно алудирајќи на формирањето влади во кои е и моќното проиранско движење Хезболах. .

Харири најави дека и членовите на неговата политичка група „Движење за иднината" нема да учествуваат на следните парламентарни избори, но вети дека ќе продолжи да им помага на оние на кои им е потребна помош.

Саад Харири е најмоќниот сунитски муслимански политичар во Либан од 2005 година, но беше принуден да поднесе оставка како премиер во октомври 2019 година, по големите протести низ земјата против владејачката класа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk