Поранешниот британски премиер Едвард Хит осомничен за злоставување деца

Хит, кој почина пред 12 години на 89-годишна возраст, се товари за седум кривични дела за сексуално злоставување на малолетници, меѓу кои и на едно 11-годишно дете. Се претпоставува дека делата Хит ги извршил од 1956 до 1992 година

Полицијата во британскиот округ Вилтшир денеска објави дека веќе две години води истрага за обвинувањата дека поранешниот британски премиер Едвард Хит сексуално злоставувал деца.

Хит, кој почина пред 12 години на 89-годишна возраст, се товари за седум кривични дела за сексуално злоставување на малолетници, меѓу кои и на едно 11-годишно дете. Се претпоставува дека делата Хит ги извршил од 1956 до 1992 година.

Хит беше премиер на Велика Британија од 1970 до 1974 година.

Против него пријави поднеле 40 лица, од кои 19 се отфрлени, а тројца поднесители се откажале од тужбите.

Тој во 1974 година ги загуби изборите, а потоа и лидерското место во Конзервативната партија, на кое го наследи Маргарет Тачер.

Истражителите сега испитуваат и дали некои влијателни лица помогнале при заташкување на злосторствата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари