Поранешен нацистички чувар: Не знаев дека убиваат луѓе во логорите

Некогашниот чувар во нацистичкиот концентрационен логор Штутхоф, кој се товари по стотина точки за соучесништво во убиства, сведочеше пред судот дека знаел оти Евреите умираат во кампот, но не и дека се убивани.

Деведесет и четиригодишниот Јохан Рехбоген вели дека бил запознаен со лошите услови во кампот, но мислел дека луѓето умирале од болести и епидемија.

Во соопштението кое го прочита неговиот адвокат, Рехбоген вели дека не знаел многу за структурите во внатрешноста на кампот, пренесе „АП“.

„Ми кажаа кое место да го заземам и јас послушав“, вели тој.

Обвинителството тврди дека е соучесник бидејќи помогнал во работењето на кампот.

Повеќе од 60.000 лица се убиени во гасните комори во Штутхоф.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари