„Епископот Франц-Јозеф Овербек нареди детална истрага за сериозните наводи за злоупотреба против првиот епископ на епархијата Есен, Франц Хенгсбах, во периодот од 1950-тите до 1970-тите“, соопшти денеска Есенската бискупија.

Покрената е внатрешна истрага откако едно лице стапило во контакт со епархијата во октомври минатата година, тврдејќи дека епископот Хенгсбах сексуално ја злоставувал кон крајот на шеесеттите. По проверката во бискупијата во Падерборн, во која Хенгсбах, кој починал во 1991 година, бил активен пред да дојде во Есен, се дознало дека таму во 2011 година бил пријавен за сексуално злоставување малолетничка во 1950-тите.

Тој случај, како што се наведува, истата година бил пријавен до Конгрегацијата за доктрина на верата во Ватикан, која ги отфрлила обвинувањата како неосновани. Според информациите од бискупијата во Падерборн, има пријави за сексуална злоупотреба на малолетнички и врз братот на епископот Хенгсбах, Павле, кој исто така е свештеник.

Актуелниот епископ Овербек ги повикал другите можни жртви на злоупотреба да пријават во епархијата. Во последниве години, вработените во Германската католичка црква беа на удар на многу обвинувања за сексуална злоупотреба на малолетници. Овие скандали предизвикаа бројни заминувања на верниците од црковните општини.