logo
logo
logo

Порака на Захарова до Западот: Имате вие свои пациенти

Vecer | 22.04.2021

Порака на Захарова до Западот: Имате вие свои пациенти


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги коментираше барањата на западните земји да им се дозволи на лекарите пристап до Алексеј Навални.

Таа ги повика странските земји ваквите прашања да ги решаваат на нивна територија и го наведе примерот со основачот на Викиликс, Жулијан Асанж, кому му е потребна итна медицинска помош.

„Ги прочитав сите изјави за загриженоста на лидерите на западните земји и министрите за надворешни работи и официјални лица и гледам дека тука и таму има врска помеѓу сегашната ситуација на Алексеј Навални и она што тие го нарекуваат труење со хемиско оружје. Имам прашање: ако сте толку загрижени за неговата здравствена состојба и го доведувате во врска со наводно труење со хемиско оружје, ве молиме да и ги дадете на руската страна сите материјали за тоа што му се случило – медицински сертификати за анализа итн.Тоа сè уште не е сторено “, истакна Захарова за руските медиуми.

Во исто време, таа потсети дека има многу луѓе на територијата на земјите од „колективниот Запад кои не само што бараат, туку и гласно повикуваат дека им треба медицинска помош“.

„Има и луѓе кои не можат да викаат, како Асанж, а има и такви кои бараат помош од медицински установи преку адвокати, меѓу другото и преку европски структури. На нив тоа им е ускратено. Концентрирајте се на решавање на вашите внатрешни проблеми”, рече Захарова.

Претходно, ЕУ објави дека се загрижени за здравствената состојба на Навални. Соединетите Американски Држави го повторија повикот на независните лекари да добијат пристап до Навални, откако народниот правобранител Татјана Москаjкова рече дека четворица цивилни лекари го посетиле Навални и заклучиле дека неговото здравје не претставува сериозна грижа и дека на пациентот му е дадена потребната терапија.

Комисијата на лекарите на затворот, каде што ја издржува казната, пред два дена одлучи да го префрли во затворската болница.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk