logo
logo
logo

Поради војната во Украина, цената на пченицата би можела да се зголеми и до 34 проценти

Vecer | 30.06.2022

Поради војната во Украина, цената на пченицата би можела да се зголеми и до 34 проценти

Русија во последниве години произведува 10 отсто од светската пченица, а Украина три отсто од светската пченица, според просекот во изминатите пет земјоделски сезони, според ФАО и ОЕЦД. Руската пченица сочинувала една петтина, а украинската десетина од глобалниот извоз, додаваат двете организации во извештајот објавен вчера.

Руската инвазија предизвика проблеми во украинскиот извоз, бидејќи го блокираше пристапот до пристаништата на Црното и Азовското Море, преку кои повеќе од 90 отсто од украинските земјоделски производи биле доставувани до клиентите.

Другите извозни канали, вклучително железницата, патиштата и речните пристаништа, немаат доволно капацитет за да ги испорачаат истите количини, а проценките во земјоделскиот сектор во моментов сигнализираат дека украинскиот извоз ќе се намали на една петтина од нормалниот обем, според ОЕЦД и ФАО. .

Војната, исто така, го ограничи пристапот на Русија до Азовското Море и ја принуди Москва да го ограничи извозот на повеќе производи.

Западните санкции против Русија засега не се насочени кон трговијата со земјоделски производи, но бројни меѓународни компании имаат ограничени активности во Русија. Финансиските санкции ги поттикнаа руските производители да понудат пониски цени на клиентите. Ако војната го блокира извозниот капацитет на Украина, цената на пченицата може да се зголеми за 19 отсто во споредба со нивото од пред војната, пресметале ФАО и ОЕЦД.

Доколку рускиот извоз во исто време се преполови, тој би можел да скокне за 34 отсто, утврдиле тие.

„Русија и Украина заеднички би извезувале 36 милиони тони помалку пченица, но другите земји би го зголемиле извозот за 16 милиони тони поради повисоките цени на меѓународните пазари“, се вели во извештајот.

Поради значително намалениот извоз, бројот на неухранети луѓе во светот би се зголемил за речиси 19 милиони во 2023/2024 година, предупредија ФАО и ОЕЦД. „Непосредниот крај на војната би бил најдобриот исход за луѓето во Русија и Украина и за многуте домаќинства низ светот кои страдаат од наглиот пораст на цените, поттикнат од војната“, заклучува генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk