logo
logo
logo

Поради скапата енергија Унгарија затвора стадиони, библиотеки, театри, базени...

Vecer | 29.11.2022

Поради скапата енергија Унгарија затвора стадиони, библиотеки, театри, базени...

Новите стадиони, симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на згради кои повеќе не можат да се справат со поскапувањето на енергијата.

Секешфехервар, еден од најбогатите унгарски градови, управуван од членови на партијата на Орбан, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри во текот на зимата. Градоначалникот Андраш Чер-Палковиќ најави дека новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.

„Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека тие се неопходни“, изјави за АФП Чер-Палковиќ, член на владејачката партија на Орбан Фидес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk