logo
logo
logo

Поради корупциски скандал, сменети се деветмина украински функционери

Vecer | 24.01.2023

Поради корупциски скандал, сменети се деветмина украински функционери

Според Тарас Мелничук, владиниот комесар во парламентот, гувернерите на регионот Дњепропетровск (во центарот) Валентин Резниченко, Запорожје (југ) Олександр Старук, Суми (север) Дмитро Живицки, Херсон (југ) Јарослав Јанушевич и киевскиот Олексиј Кулеба се разрешени од должност.

Во ноември, Режњиченко беше обвинет во медиумите дека го доделил договорот за реконструкција на пат вреден десетици милиони евра на компанија во косопственост на неговиот партнер, кој работи како личен тренер. Според медиумските информации, Резниченко и четворица негови колеги од Суми, Херсон и Запорожје се вклучени во судската истрага, а разрешувањето на Кулеба е поврзано со неговото неизбежно назначување на функцијата претседател.

Владата ги разреши и заменик министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, чија оставка беше објавена претходно денеска, заменик министерот за социјална политика Виталиј Музиченко и двајцата заменици министри за територијален развој Иван Лукерја и Вјачеслав Негода.

Разрешени се и Анатолиј Иванкевич и Виктор Вишњов, замениците на шефовите на Управата за поморски и речен сообраќај на Украина. Оваа серија на отпуштања доаѓа по пишувањето на медиумите за напумпани цени во договорот за набавка на храна за украинската армија, што е прв корупциски скандал во Министерството за одбрана од почетокот на војната.

Вчера вечер, претседателот Володимир Зеленски објави серија „кадровски решенија“ поврзани со оваа афера. Корупциските скандали не беа невообичаени пред руската инвазија на Украина. Аферата доаѓа додека Киев бара од западните сојузници стотици тенкови за да се спротивстави на руската агресија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk