Помпео: Ријад вели дека не знае ништо за Кашоги

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека саудиските власти силно негираат дека знаат нешто за тоа што се случило во нивниот конзулат во Истанбул, а во исто време, тие ветија сериозна и веродостојна истрага, објави „Ројтерс“.

Саудиецот Џамал Кашоги, кој работеше како новинар во „Вашингтон пост“, влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври по што му се губи секаква трага.

Според некои медиуми, Кашогиј бил убиен во Конзулатот, Си-ен-ен, пак повикувајќи се на неименуван турски функционер вчера објави дека телото на исчезнатиот новинар, Џамал Кашоги, по убивањето, е исечено на парчиња. Новинарот исчезна пред две недели, а Турција тврди дека тој е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Инаку, Кашоги беше остар критичар на саудискиот кралски режим.

„На секој од состаноците, саудиското раководство негираше дека тие знааат нешто за она што се случи во нивниот Конзулат во Истанбул”, изјави во вторникот Помпео од Саудиска Арабија.

Тој додаде дека неговата проценка од овие состаноци е дека постои сериозна заложба за да се утврдат сите факти, како и одговорноста за она што се случило.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео пристигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, со цел да одржи средби и да разговара со саудискиот крал во врска со исчезнувањето на Кашоги.

Би-Би-Си соопшти дека по посетата на Ријад, Помпео ќе замине во посета на Турција каде што Kашоги бил виден последен пат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари