logo
logo
logo

Полска: Оставка поднесоа речиси сите советници за Ковид-19 во владата

Vecer | 14.01.2022

Полска: Оставка поднесоа речиси сите советници за Ковид-19 во владата

Во Полска, 13 од 17-те членови на медицинскиот тим што го советуваа премиерот за пандемијата на коронавирус поднесоа оставка, поради, како што наведоа, недоволното влијание на науката врз политиката, објави денеска државната агенција ПАП.

– Разликата меѓу научниот и медицинскиот став и практиката стана особено очигледна, во контекст на многу ограничените мерки во есенскиот бран на коронавирус, а потоа и по појавата на варијантата омикрон, и покрај огромниот број на очекувани смртни случаи – велат членовите на Советот.

Иако има една од највисоките стапки на смртност во светот, Полска воведе поблаги мерки во последниот бран на пандемијата за разлика од многу други европски земји, пренесува Ројтерс.

Во Полска вакцинирани се 56,4 отсто од населението, што е под просекот на Европската унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk