Од 7 јуни Полска ќе понуди вакцинација против Kовид-19 на деца на возраст од 12 до 15 години, изјави денеска министерот задолжен за програмата за вакцинација, Михал Дворчик.

Тој рече дека одлуката е донесена откако Европската агенција за лекови одобри дека може да се вакцинираат и деца, пренесува „Ројтерс“.

Министерот за здравство Адам Ниџиелски рече дека Полска на тој начин се приклучува на програмата на ЕУ, со цел да се олесни патувањето.

Во петокот Европската комисија одобри вакцината против Ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“ да се користи за деца од 12-годишна возраст.

makfax.com.mk