Полска и Австрија ќе отстапат од договорот на ОН за миграција

Австрија веројатно ќе им се придружи на САД и на Унгарија во повлекувањето од миграцискиот пакт на ОН, изјави австрискиот кианцелар Себастијан Курц по веста дека Полска се подготвува да се откаже од договорот поради безбедносни проблеми, пренесува „Ројтерс“.

На прес-конференцијата во средата, Курц ја наведе загриженоста за суверенитетот во врска со Глобалниот договор за безбедна, уредна и редовна миграција во кој се тврди дека огромните движења на луѓе преку границите се неизбежни, неопходни и пожелни.

„Ние имаме критички став кон некои од точките во овој договор. Затоа ќе сториме сé за да го одржиме суверенитетот на нашата земја и да осигуриме дека како Република Австрија можеме сами да одлучуваме за прашањата на миграцијата”, објави канцеларијата на Курц.

Говорејќи по состанокот на кабинетот, Курц рече дека и данскатата влада изразила слична загриженост во врска со договорот кој претходно беше потпишан од сите земји-членки на ОН освен од САД, кои се повлекоа минатата година.

Вицеканцеларот Хајнц-Кристиан Штрахе од популистичката Слободарска партија додаде дека владата ги разгледува правните импликации на документот.

„”Не може да се усвојат какви било формулации кои би можеле или ќе се толкуваат со значење дека миграцијата може да биде човеково право. Тоа може и не мора да биде случај “, рече тој.

Претходно неделава, полскиот министер за внатрешни работи Јоаким Бруџински рече дека препорачува Варшава да се повлече од глобалниот пакт, наведувајќи дека нацртот на договорот не содржи соодветни силни гаранции за сувереното право на нациитете да одлучуваат кој влегува на нивната територија ниту пак прави разлика меѓу легалната и нелегалната миграција. „Ние сакаме Полјаците да бидат безбедни во сопствената земја. Унгарија е исто така критична кон договорот”, рече министерот, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните е најважен приоритет на владата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари