logo
logo
logo

Полнат гориво во што ќе стигнат, ДУРИ И ВО НАЈЛОНСКИ КЕСИ, САД бара да не го прават тоа (ФОТО)

Vecer | 14.05.2021

Полнат гориво во што ќе стигнат, ДУРИ И ВО НАЈЛОНСКИ КЕСИ,  САД бара да не го прават тоа (ФОТО)

Во САД завладеа паника поради можен недостиг на гориво, што принуди некои жители да преземат радикални чекори.

Штом преовладува кризна ситуација или барем најава за истата, добар дел од населението брза да набави основни потреби и гориво, а Американците не се исклучок. Напротив, тие се подготвени за екстремни решенија.

Во најновата криза настана прекин на испораката на гориво преку нафтоводот „ Colonial Pipeline“. Како резултат, многу возачи во источниот и јужниот дел на САД се упатија кон бензинските пумпи и во исто време, посегнаа по најбрзите решенија, па полнеа гориво во отворени лименки, па дури и во пластични кеси.

Исклучувањето на нафтоводот што опфаќа 45% од снабдувањето со гориво на истокот на САД доведе до големи нарушувања на пазарот, па на крајот не е изненадувачки што ваквиот наплив на бензински пумпи.

Веќе е објавена цела низа фотографии на кои се гледа како неодговорни возачи полнат гориво во кеси, буриња, па дури и канти за ѓубре.

Затоа министерот за транспорт повика на разум и смиреност:

„Се разбира, ја разбираме загриженоста во областите каде што луѓето се соочуваат со привремени нарушувања во снабдувањето, но акумулацијата на нештата не ја подобрува ситуацијата. Во никој случај не смее да се става бензин во нешто друго освен директно во резервоар за возило или канистер за гориво“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk