logo
logo
logo

Полицијата во Кина запрела камион со 386 кучиња, што требало да завршат на гозба (ВИДЕО)

Vecer | 24.06.2022

Полицијата во Кина запрела камион со 386 кучиња, што требало да завршат на гозба (ВИДЕО)

Активистите за правата на животните го забележале возилото и за сѐ ја известиле полицијата, пренесува The Guardian.

Кучињата биле на пат кон градот Јулин, каде на првиот ден од летото, 21 јуни, се одржува традиционалната годишна вечера на која се служи кучешко месо.

Видеото од кинеското здружение за заштита на животните покажува дека животните биле сместени во тесни кафези. Исто така, можно е некои од кучињата да заболеле од заразни болести. Затоа активистите кога повикале полиција, потсетиле на законот за превенција од болести.

„Беше ужасно да се видат толку многу кучиња во таква ужасна состојба. Изгледаше како камион од пеколот“, рече Лин Ксионг, еден од активистите.

Кучињата биле ставени во карантин три дена и три ноќи, а потоа се предадени на грижа на локалните здруженија за животни.

Кинеското Министерство за земјоделство ги класифицира кучињата како домашни миленици во 2020 година. Иако колењето кучиња се уште е профитабилен бизнис во земјата, побарувачката за кучешко месо се намалува, се вели во извештајот на Гардијан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk