logo
logo
logo

Политичарка добила контракции, СЕДНАЛА НА ВЕЛОСИПЕД И ЗАМИНАЛА ВО БОЛНИЦА ДА СЕ ПОРОДИ (ФОТО)

Vecer | 28.11.2021

Политичарка добила контракции, СЕДНАЛА НА ВЕЛОСИПЕД И ЗАМИНАЛА ВО БОЛНИЦА ДА СЕ ПОРОДИ (ФОТО)

Пратеничката од Нов Зеланд Џули Ен Гентер седнала на својот велосипед рано во неделата и се упатила кон болница. Веќе имала породилни болки и се породила еден час подоцна.

„Одлични вести! Објави таа на својата Фејсбук страница неколку часа подоцна.

„Утрово во 3.04 го пречекавме најновиот член на нашето семејство. Искрено, не планирав да возам велосипед, но на крајот се случи“, напиша таа.

Островската држава од пет милиони веќе има репутација призмени политичари. Премиерката Џасинда Ардерн зеде породилно отсуство додека беше на функција, но до однесе своето тримесечно дете на состанок на Обединетите нации додека се уште го доеше, пишува Ројтерс.

- Моите контракции не беа толку лоши кога отидовме во болница два часа по полноќ. Иако беа од две до три минути разлика, тие се засилија додека стигнав во болница 10 минути подоцна“, напиша Гентер.

„Неверојатно, сега имаме здраво, среќно бебе што спие, како и нејзиниот татко“, напиша Гентер, која има двојно американско и новозеландско државјанство бидејќи е родена во Минесота и се преселила во Нов Зеланд во 2006 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk