Политичарот Ксолиле Ндеву од Јужна Африка се посрамил за целиот живот кога дозволил среде многу важен состанок во кадарот да му влета голата сопруга.
Ндеву зборувал за тоа како локалните заедници треба да им помагаат на политичарите и како да се набавуваат вакцини, кога одеднаш во кадарот се појавила неговата гола сопруга.
„Господине Ндеву сопругата не ви е соодветно облечена. Се се гледа. Дали и кажавте за нашиот состанок. Ова е вознемирувачки“, му рекол Фатих Мутамби, кој бил лидер на состанокот.
Во муабетот се замешала и друга политичарка која ги замолила колегите да не бидта непристојни. За тоа време Ндеву бил во шок и само се извинувал.
Погледнете ја оваа урнебесна сцена:
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=zsuSa_IQCos&t=35s[/embed]