Политичар од Пакистан се убил зашто не го поддржувале синовите

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот во Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил поради тоа што неговите синови не се согласувале со политиката што тој ја застапувал, соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал во домот наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги поддржувале кандидатите од поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

Според изборниот законик на Пакистан, изборите на кои Мугал се кандидирал ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне по 25 јули.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари