logo
logo
logo

Полицијата убива демонстранти: Најмалку четири мртви на протестите во Мјанмар

Vecer | 28.02.2021

Полицијата убива демонстранти: Најмалку четири мртви на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар денеска отвори оган врз демонстрантите и притоа уби четворица, а рани повеќе луѓе кои протестираа против воениот пуч и апсењето на легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.

Според наводите на АФП, четири лица биле убиени во насилството, вклучувајќи и тројца мажи во градот Давеи на југот во земјата, каде најмалку 20 луѓе биле повредени. Еден човек исто така бил убиен во Јангон, додека неколку други биле повредени. Здравствените работници кои штрајкуваа во знак на протест против воениот пуч се вратија на работа во итната служба во општата болница во Јангон за да ги лекуваат ранетите, пишува Гардијан.

Како и претходните денови, полицијата повторно користела водени топови, солзавец и пукала со огнено оружје, иако лидерот на воената хунта, Мин Аунг Хлаинг изјавил дека тие применуваат „минимална сила“ против демонстрантите.

Во Мјанмар владее хаос веќе еден месец, откако војската изврши државен удар и ја притвори претседателката на владата, Аунг Сан Су Чи и бројни други политичари, заради наводна изборна измама во ноември, пренесува Танјуг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk