Полицијата на Словенија го заострува штрајкот на граничните премини со Хрватска

Сојузот на полицајци во Словенија објави интензивирање на нивниот штрајк, за време на неизвесните преговори со владата за зголемување на нивните плати.

Полицијата е во т.н. бел штрајк веќе еден месец, а доцна вечерта во неделата објавија дека ќе започнат со своите „интензивни штрајкови” денеска во 11 часот на граничните премини Брегана-Обрежје и Груковје-Мацељ со Република Хрватска.

Владиниот претставник за преговори со јавниот сектор, Петар Погачар, рече дека до полицискиот синдикат рано утринава ќе биде испратен нов предлог кој ќе биде во врска со нивните плати и дека желбата на владата е да започне нови разговори во четвртокот, со цел да не дојде до ескалација на т.н. белиот штрајк.

Тој додаде дека се наведа дека ќе биде постигна кончен договор, кој ќе биде прифатен од двете страни.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари