Државното обвинителство во Њујорк објави дека покренало кривична истрага против компанијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Тоа е чекор повисок од оној што започна како граѓанска истрага.

Јавниот обвинител Летиша Џејмс истражува дали организацијата на Трамп лажно ги пријавила вредностите на имотот со цел да обезбеди заеми и да оствари економски и даночни бенефиции, а од нејзината канцеларија потврдија дека ја известиле организацијата на Трамп дека истрагата повеќе не е од чисто граѓанска природа, пренесува „Ројтерс“.

Обвинителството истражува дали организацијата на Трамп ги „надувала“ вредностите на некои недвижнини со цел да добие подобри заеми, а подоцна ги демолирала и нивните вредности за да добие олеснување на даноците.

Трамп претходно изјави дека оваа истрага ја спроведе Демократската партија и дека е политички мотивирана.

Одделно, окружниот правобранител на Менхетн, Сајрус Венс, ги истражува деловните активности на Трамп, а од неговиот кабинет соопштија дека истражуваат можно широко и долготрајно криминално однесување во компанијата на Трамп, вклучувајќи измами за данок и осигурување и фалсификување деловна евиденција.

makfax.com.mk