Почина Стивен Хокинг – еден од најголемите светски научници

Еден од најголемите светски научници, британскиот физичар и теоретичар, Стивен Хокинг, почина вчера на 76 годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Професорoт Хокинг живееше во очекување на својата смрт од рана возраст. На 22-години, лекарите му изрекле мрачни прогнози предвидувајќи му само неколку години живот откако било утврдено дека страда од ретка болест, амиотрофична латерална склероза.

Тешката болест го приковала за инвалидска количка поради што речиси целосно ја изгубил моќта за говор, но неговиот ум, иако заробен во кревко тело, останал блескав и нескршлив. Живееше повеќе од 50 години по дијагностицираната болест и во исто време стана медицинско чудо.

Најпознат е по своите истражувања за вселената и квантната гравитација, особено во контекст на црните дупки. Автор е на книгата „Кратка историја на времето“ која во 90-те години на минатиот век беше распродадена во рекордни тиражи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари