Почина соосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален

Соосновачот на компанијата „Мајкрософт“, Пол Ален почина на 65 годишна возраст, соопшти неговата компанија „Вулкан“.

Претходно месецов, Ален откри дека Хочкинсовата болест, од која се лечел од 2009. година, се вратила и планира да со неа да се бори поагресивно.

Ален беше меѓу најбогатите луѓе во светот, а неодамна „Форбс“ го постави на 44 позиција на најмоќни луѓе.

Ален го напуштил „Мајкрософт“ во 1983 година, по расправија со Бил Гејтс. Благодарение на првобитниот партнерски удел, можел да крајот на животот да ужива во милијардите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари