logo
logo
logo

Почина шефот на мафијата во Наполи-БЕШЕ ПОСИЛЕН И ОД ПРЕМИЕРОТ

Vecer | 18.02.2021

Почина шефот на мафијата во Наполи-БЕШЕ ПОСИЛЕН И ОД ПРЕМИЕРОТ

Како што пренесува италијанскиот печат, Кутоло умрел во болница во Парма по 57 години минати во затвор за време на кои не покажал знаци на каење ниту соработувал со правосудството во истрагата на организацијата  која ја основал – Нова организирана Камора, која била надлежна за сите други кланови.

Роден во 1942 во областа на Наполи, на возраст од 22 години првпат бил осуден за убиство на маж кој ја навредил неговата сестра. Во затвор со својата харизма и љубовта кон поезијата го добил прекарот „Професорот“.

Особеноста на неговата организација лежи во тоа дека ја формирал во затвор и со неа управувал од затвор во кој го минал речиси целиот свој возрасен живот.

Со него заврши поделбата меѓу големите семејства на Камора, мафијата на Наполи, кои сите на крајот му одговарале нему што го постигнал со насилството на своите потчинети.

Моќта му била толку голема што имал односи и со тајните служби и политичарите.

Неговото владеење е обележано со бранови убиства, во просек по 300 годишно, а неговата империја опфаќала широк спектар дејности од шверц на цигари до јавниот сектор.

Тој е инспирација за десетици книги и филм, а за време на животот повеќе пати повторувал дека поседува тајни со кои може да ја урне италијанската држава.

„Тој беше моќен бос, посилен од премиерот. Таа моќ го одржуваше целиот живот во затворот“, коментира за весникот Ла стампа писателот Роберто Савијано, авторот на книгата „Гомора“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk