logo
logo
logo

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета

Vecer | 09.04.2021

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета


Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, почина на 99-годишна возраст.

Бакингaмската палата објави дека војводата од Единбург почина во петок наутро во замокот Виндзор.

„Со длабока тага, нејзиното височество кралицата Елизабета ja објавува смртта на нејзиниот сакан сопруг, Неговото Височество принцот Филип, војводата од Единбург“, се вели во соопштението на палатата.

Веста доаѓа откако принцот Филип беше пренесен во специјална кардиоваскуларна болница во Лондон на 1 март, откако претходно беше лекуван од инфекција во болницата „Кинг Едвард VII“.

Откако помина речиси еден месец на лекување, принцот Филип беше пуштен на домашно лекување на 16 март. Тоа беше неговиот најдолг престој во болница, а точната причина за неговиот прв прием не беше откриена, додека Бакингамската палата објави дека неговата хоспитализација не е поврзана со коронавирус.

Според британските медиуми, кралицата Елизабета сега ќе се повлече во осумдневна жалост. Кралската двојка прослави 72 години брак во ноември минатата година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk