Почина претседателот на Виетнам

Виетнамскиот претседател Тран Даи Кванг, припадник на конзервативното крило на владејачката комунистичка партија почина на 62 години, соопштија тамошните медиуми.

,,Претседателот Тран Даи почина во воената болница”, пренесе државната агенција ВНА.

Тран беше тешко болен околу еден месец, но и понатаму ја извршуваше функцијата и покрај искцпеноста и лошата здравствена состојба. Не е соопштено од што боледувал.

Од 2016 година беше на чело на државата, заедно со премиерот Нгујен Суан Фуко. Покрај церемонијалната улога на шеф на државата, Тран беше меѓу клучните луѓе во виетнамската власт и член на Политбирото на Комунистичката партија на Виетнам, која е центарот на моќта.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари