logo
logo
logo

По смртниот случај, Белгија ја запре употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за лица под 41 година

Vecer | 26.05.2021

По смртниот случај, Белгија ја запре употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за лица под 41 година


Белгиските власти ја прекинаа вакцинацијата со „јансен“, вакцина на компанијата „Џонсон и Џонсон“ за лица под 41 година, бидејќи една жена почина откако ја прими вакцината.

„Меѓуминистерската конференција донесе одлука за привремено запирање на вакцинирањето со „јансен“ за граѓани на возраст под 41 година сè додека не дојде подетална анализа на придобивките и ризиците од ЕМА (Европска агенција за лекови)“, се вели во соопштението на јавните здравствени власти.

Жена помлада од 40 години почина на 21 мај. Таа претходно била хоспитализирана поради тежок случај на тромбоза и недостаток на тромбоцити, се вели во соопштението.

Таа била вакцинирана преку нејзиниот работодавец и надвор од официјалната белгиска кампања за вакцинирање.

Досега во Белгија пристигнаа 40.000 дози „јансен“, а 80 проценти од дозите се инјектирани на возраст над 45 години, се вели во соопштението.

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 20 април објави дека ќе ја продолжи испораката на вакцината во Европската Унија, но со предупредување на етикетата, откако побара од некои земји, вклучително и Белгија, привремено да престанат со вакцинацијата, поради ретки случаи на згрутчување на крвта по вакцинирањето.

Компанијата тврди дека не е воспоставена јасна причинско-последична врска помеѓу тромбите и вакцините, а ЕМА посочува дека придобивките ги надминуваат ризиците.

Вакцината „јансен“, која се дава во единечна доза, првенствено се користи во Белгија за вакцинирање на стари лица во нивните домови и за ранливи групи, како што се бездомници и мигранти без документи.

Белгија побара совет од ЕМА за да се процени врската помеѓу смртта на жената и вакцината на „Џонсон и Џонсон, но не соопшти кога очекува конечно мислење од европската агенција.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk