logo
logo
logo

По скандалот „софагејт“, Чарлс Мишел најави подобрен распоред на седење

Vecer | 14.04.2021

По скандалот „софагејт“, Чарлс Мишел најави подобрен распоред на седење


Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, претстави план за подобрување на распоредот за седење и за еднакво право на говор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на меѓународните посети, во светло на инцидентот познат како „софагејт“.

За време на неговата прва средба со фон дер Лајен по инцидентот од минатата недела, на приемот кај турскиот претседател Таип Ердоган, Мишел повикал на заедничко разбирање во однос на билатералните самити на кои учествуваат двајцата претседатели, пренесува весникот „Политико“, кој имал увид во документот презентиран од Мишел.

Текстот на документот ветува дека поголемо внимание ќе се посвети на распоредот на места за седење, со цел да се обезбеди достоинствен третман на двајцата претседатели, почитувајќи го протоколарниот ред.

Протоколарните оддели на двете институции се исто така поканети да бидат вклучени во подготовката на состаноците.

Мишел и фон дер Лајен вчера се појавија пред политичките лидери во Европскиот парламент за да разговараат за скандалот со седењето.

Според парламентарните власти, Мишел неколку пати се извинил за своето однесување во Анкара, додека Фон дер Лајен изразила непријатност.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk