logo
logo
logo

По масакрот фатено лицето кое уби 10 лица во Колорадо

Vecer | 23.03.2021

По масакрот фатено лицето кое уби 10 лица во Колорадо


Полицијата го идентификуваше осомничениот за убиството на десет лица во супермаркет во Колорадо.

Станува збор за 21-годишник по име Ахмад Ал Аливи Алиса.

Осомничениот како што пренесуваат американските медиуми е од Арвада, Колорадо и бил во стабилна состојба откако се здобил со рана на ногата во судир со полицајци кои одговориле на нападот.

Властите ги идентификуваа и преостанатите девет жртви, откако претходно беше објавено дека меѓу убиените е и 51-годишниот полицаец Ерик Тали.

Жртвите биле на возраст од 20 до 65 години , изјави шефот на локалната полиција Марис Херолд.

Осомничениот е ранет и моментално се наоѓа на лекување во болницата, а треба да биде пренесен во окружниот затвор, рече адвокатот на округот Болдер, Мајкл Дагерти.

Истражителите сè уште не знаат зошто напаѓачот започнал да пука во продавницата, додаде Дагерти. Тој рече дека истрагата е во рана фаза, но дека детективите сметаат дека осомничениот е единствениот напаѓач.

Извор од полицијата изјавил дека напаѓачот бил вооружен со лесна полуавтоматска пушка „АР-15“.

Мотивот за настанот сè уште не е познат, велат официјалните власти.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk