По Кримскиот мост, Русија ќе гради уште еден трипати поскап мост!

Спрема проценката на Руските железници, проектот ќе изнесува 543,3 милијарди рубљу, 

Железничкиот мост на Сахалин кој ќе го поврзува осровот со континенталниот дел на Русија ќе биде 3,5 пати поскап од Кримскиот мост, пишува "Комерсант, повикувајќи се на прелеминарните проценки на Руските железници.

Спрема документите на компанијата, патот ќе се протега од Сахалин во Хабаровскиот крај, преку најужната точка на делот од Татарскиот мореуз, до Ниша на Сахалин. Мостот ќе биде долг шест километри, додека целата должина на патот ќе изнесува 585 километри.

 

Вредноста на проектот, спрема проценката на Руските железници, ќе изнесува 543,3 милијарди рубљу, каде што за мостот ќе отидат 252,8 милијарди рубљи. Уште 90 милијарди рубљи ќе бидат потрошени за железничи пруги на Сахалин и скоро 100 милијони рубљи за длабоководен терминал во Иљинск, од каде што јаглен ќе биде транспортиран со возови.

Градежните работи ќе почнат во 2019 година.

Како што наведуваат експертите, мостот на Сахалин по километар ќе биде 3,5 поскап од Кримскиот мост. Тоа сето е поради трусен терен, комплексни инжињерско-технолошки условим непристапност на теренот и географската позиција на крајниот север.

Поврзани

Најнови вести

Коментари