logo
logo
logo

По Ѓоковиќ, НОВИ СКАНДАЛИ СО ЦАРИНАТА ВО АВСТРАЛИЈА

Vecer | 18.01.2022

По Ѓоковиќ, НОВИ СКАНДАЛИ СО ЦАРИНАТА ВО АВСТРАЛИЈА

По сагата со Новак Ѓоковиќ која започна на австралискиот аеродром, на повидок е нова афера од истото место.

Имено, според порталот Klix.ba, осигурувањето на аеродромите во Австралија, според патниците, им ги одземааат мобилните телефони и им бараат шифри за влез во содржината, без да дадат никакво објаснување за нивните постапки.

Австралија повторно е во центарот на скандалот откако многу патници се пожалија дека биле принудени да ги предадат своите мобилни телефони и шифри на обезбедувањето на аеродромот. Еден од патниците за британски „Гардијан“ изјавил дека морал да го предаде мобилниот телефон и да ја напише шифрата за негово отклучување на хартија кога пристигнал на аеродромот на враќање по десетдневен престој на Фиџи.

Кога припадниците на аеродромското обезбедување, односно обезбедувањето ќе им ги одземат мобилните на патниците, ги носат во одредени соби, каде се задржуваат околу половина час, а причината не е позната.

„Не сме информирани зошто сакаат да ни ги проверат мобилните телефони. Ништо не ни кажаа, ова е страшно нарушување на приватноста. Којзнае што виделе. Кога имаат мобилни телефони и лозинки, имаат пристап до се, историја на е-пошта, зачувани лозинки, банкарски сметки, здравствено осигурување“, вели еден патник.

Ваквите постапки веќе станаа практика, а австралиската гранична служба може легално да ги конфискува мобилните телефони на сите кои влегуваат во земјата, без разлика дали се Австралијци или други.

Портпаролот на австралиската гранична служба рече дека се работи за „заштита на австралиската заедница“ и дека на овој начин „собраните информации резултирале со успешни операции против нелегални активности“.

Новинарите и активистите за човекови права ја осудуваат практиката, нарекувајќи ја „одвратна и навредлива“, а австралиската влада диктаторска.

„Ова е навистина загрижувачки, тоа не треба да се случува во Австралија“, тврди активистката Софи Мекнил.

Новинарите особено имаат проблем со оваа практика, бидејќи мораат да ги заштитат своите извори и другите доверливи информации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk