logo
logo
logo

Племенските водачи во Намибија ја отфрлија понудата на Германија од 1,1 милијарда евра надомест за геноцидот

Vecer | 31.05.2021

Племенските водачи во Намибија ја отфрлија понудата на Германија од 1,1 милијарда евра надомест за геноцидот


Лидерите на етничките групи Хереро и Нама го отфрлија договорот предложен од Германија, која призна дека злосторствата на германските колонијалисти пред повеќе од сто години во денешна Намибија биле геноцид.

Советот на племенските лидери се обидува да го одложи планираното потпишување на договор меѓу двете држави.

Владата во Берлин и’ понуди на Намибија 1,1 милијарда евра во период од 30 години, а Советот признат од владата на Намибија го нарече предлогот неприфатлив и навреда на нивното постоење.

Тие бараат нови преговори. Советот го поздрави фактот дека германската влада го признала геноцидот, ја презела одговорноста за злосторствата и објавила дека ќе побара прошка.

Племенските водачи бараат повторно преговарање. Друга организација што ги обединува членовите на групата Хереро веќе го нарече германскиот предлог измама и пропаганда.

Германија и намибиската влада постигнаа договор минатата недела, по скоро шест недели преговори. Етничките групи се жалат дека не учествувале во преговорите и затоа не можеле навремено да се консултираат со своите членови.

Германската влада повторува дека нема законска обврска за репарации, но оти 1,1 милијарда евра оштета се смета за политичка и морална должност.

Помеѓу 1904 и 1908 година, германските војници убиле околу 65 000 припадници на етничката група Хереро и 10.000 Нама, а историчарите и Обединетите нации веќе долго време го нарекуваат прв геноцид на 20 век, пишува Ројтерс.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk