logo
logo
logo

ШТЕТА 36 МИЛИОНИ ДОЛАРИ! Платиле за бакар, им испорачале камења

Vecer | 10.03.2021

ШТЕТА 36 МИЛИОНИ ДОЛАРИ! Платиле за бакар, им испорачале камења

Швајцарска компанија плаќала за бакар, а добивала камења во боја од турски снабдувач.  Претставниците на „Mercury Energy Group“ од Женева, тврдат дека компанијата била жртва на измама минатата година при купување 10.000 тони бакар, а вкупната вредност за која биле измамени изнесува од неверојатни 36 милиони долари!

Кога нарачката започнала да пристигнува во Кина, наместо бакар, во контејнерите биле откриени камења фарбани со препознатлива нијанса на бакарот, а бизарно е и тоа што сето ова се случило и покрај тоа што имало контроли.

Швајцарската компанија минатата година го потпишала договор за набавка на бакар во нечиста форма, со испорака до Кина. Околу 6.000 тони биле натоварени во повеќе од 300 контејнери на осум бродови. Пред бродовите да го напуштат пристаништето во близина на Истанбул, бакарот бил заменет со камења обоени со спреј за да изгледаат како бакар.

„Mercury Energy Group“ е еден од петте најголеми трговци со нафта во светот, кои сега велат дека ќе  бараат правда во турските и британските судови и го тужат снабдувачот, компанијата „Bietsan bakir“

Во меѓувреме беше објавено дека турската полиција уапсила неколку лица кои биле поврзани со скандалот со лажниот бакар.

Сите индикации се дека бакарот бил во првата група контејнери пред инспекцијата да изврши увид во пратката. Потоа биле ставени безбедносни пломби на контејнерите.

Според турските адвокати, контејнерите потоа биле отворени, бакарот бил заменет со камен и на крајот биле поставени лажни безбедносни пломби.

Кога бродовите го напуштиле пристаништето во Турција, швајцарската компанија ја платила договорената сума од 36 милиони долари.

Измамата е откриена еден месец подоцна, кога товарот пристигнал во Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk