logo
logo
logo

Платформата „Booking.com“ под ИСТРАГА! ЕВЕ ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР

Vecer | 11.06.2021

Платформата „Booking.com“ под ИСТРАГА! ЕВЕ ЗА ШТО СТАНУВА ЗБОР

Италијанската финансиска полиција започна истрага за да утврди дали дигиталната платформата за резервирање на хотели и апартмани Booking.com затаила данок, соопштија официјални лица.

Дигитална компанија со седиште во Холандија е осомничена дека избегнала плаќање на повеќе од 150 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) помеѓу 2013 и 2018 година.

Booking.com потврди дека добиле извештај од финансиската полиција и соопштија дека ќе соработуваат со истражителите.

Полицијата соопшти дека започнале да ги проверуваат резервациите за сместување околу Џенова уште од 2018 година.

Се покажа дека Booking.com издава фактури без ДДВ поради избегнување на даночна обврска, што доведе до тоа тие воопшто да не плаќаат даноци во Италија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk