logo
logo
logo

Пиварниците во Германија фрлиле пиво вредно милиони евра, бараат поддршка од Меркел

Vecer | 22.02.2021

Пиварниците во Германија фрлиле пиво вредно милиони евра, бараат поддршка од Меркел


Германските пиварници преку отворено писмо до владата побараа финансиска помош затоа што се во опасност од колапс поради наглиот пад на побарувачката во услови на заклучувањата предизвикани од корона-кризата.

Германија ги затвори пабовите, хотелите и рестораните во вториот карантин во ноември минатата година, потсетува „Ројтерс“.

Во отворено писмо од здружението, потпишано од речиси 300 пиварници, се бара финансиска помош од владата како дел од програмата за поддршка. Пиварниците наведуваат дека биле принудени да фрлат големи количини непродадено пиво.

Владата обезбеди помош за пабовите и баровите, но не и за пиварниците, пишува „Ројтерс“.

„Од недела на недела сè повеќе пиварници, пабови во нивна сопственост и трговци на големо, без своја вина, се соочуваат со опасност од колапс и закана од банкрот“, се вели во отвореното писмо од здружението.

Писмото, меѓу другото, го потпишаа германскиот разгранок на данската пиварница „Карлсберг“, „Битбургер Браугрупе“, „Кромбахер“ и „Поланер Брауреи“.

„Поради заклучувањето и како последица на тоа, пиварниците останаа без добар дел од своите економски основи преку ноќ“, пишуваат пиварниците.

„Резервите пиво со истечен рок на траење, вредни милиони евра, мораше да се фрлат“, додаваат тие.

Во исто време тие велат дека продажбата на пиво во шише во продавниците не била доволна за да се компензираат изгубената продажба во угостителскиот сектор и слабиот извоз.

Пиварниците продале околу 8,7 милијарди хектолитри пиво минатата година, што е 5,5 проценти помалку од претходната година, соопшти германскиот Завод за статистика.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk