Пијан работник предизвика пожар во Чешка

Најмалку десет лица се повредени во Плзен, град во западниот дел на Чешка, во пожар кој избувнал во брака – дел од хотел за работници од блиската индустриска зона.

Пожарникарите и полицијата евакуираа 130 луѓе, објави чешката полиција.

„Пожарот го зафати првиот кат по целата должина, а се руши и покривот. Од бараката пожарникарите изнесоа неколку плински боци, а интервенираа вкупно 10 противпожарни еденици“, изјави портпаролот на локалните пожарникари, Петр Пончар, за чешките медиуми.

Повредите се кои се здобиле работниците кои за време на пожарот биле во хотелот се полесни, но седуммина од нив биле пренесени во болница, соопшти портпаролката на локалната полиција, Мартина Корандова.

Според очевидци, пожарот избувнал во кога еден од работниците подготвувал оброк, на пијан заспал, оставајќи ја ринглата вклучена.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари