logo
logo
logo

Петмина загинати и над 60 повредени во експлозијата во трговскиот центар во Ереван (ВИДЕО)

Vecer | 15.08.2022

Петмина загинати и над 60 повредени во експлозијата во трговскиот центар во Ереван (ВИДЕО)

Жртвите се еден маж и четири жени, прецизира Министерството во соопштението, нагласувајќи дека потрагата и спасувањето траела цела ноќ.

Според Министерството, повеќе од 60 лица се повредени во експлозијата, а 19 се сметаат за исчезнати.

Генералното обвинителство во текот на ноќта објави дека отвора истрага за „прекршување на правилата за складирање на запаливи производи и прекршување на правилата за заштита од пожари“, што довело до смрт на неколку лица поради „негрижа“.

Засега не е позната причината за експлозијата, која се случи во областа околу големопродажниот пазар Сурмалу. Тоа место традиционално привлекува голем број луѓе во недела.

Дел од медиумите, повикувајќи се на сведоци, објавија дека експлозијата се случила на местото каде што се чуваат пиротехнички средства.

Експлозијата предизвика уривање на зграда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk