logo
logo
logo

Пет вреќи со човечки останки најдени на улица во Мексико

Vecer | 05.12.2021

Пет вреќи со човечки останки најдени на улица во Мексико

Пет вреќи со човечки останки полицијата пронашла во саботата на улица во градот Фресниљо во сојузната држава Закатекас во централно Мексико, објави на својата електронска страница дневниот весник El Universal.

Делови од телата биле пренесени во судската медицина за вештачења за потребите на истрагата, рекле полициски извори.

Сѐ уште не е познато за колку жртви станува збора, а нема ни информации за можните сторители на грозоморното злосторство. Според официјалните податоци на локалната полиција во Фресниљо во последните 24 часа во областа на градот биле убиени најмалку девет лица, потсетува весникот.

Во сојузната држава Закатекас веќе неколку години не стивнува жестоката пресметка за завладување на илегалната трговија со наркотици меѓу ривалските картели Синалоа и Нова генерација Халиско, која ја карактеризираат брутални егзекуци и остар скок на бројот на убиствата. Така, во 2019 година повеќе од 700 луѓе биле убиени во криминалните премсетки и други напади врз граѓани, а оваа 2021 година веќе се регистрирани повеќе од 1.200 убиства. Според властите, организираните криминални групи се одговорни за повеќе од 90 отсто од сите убиства.

Речиси 95 отсто од восрасните жители на Фресниљо не се чувствуваат безбедни, покажуваат резултатите од истражувањето што во јуни го спровел Националниот институто за статистика и географија. Со овој показател, овој еден од најголемите градови во државата го зазема и првото место во целата земја.

Поради тоа, кон крајот на ноември, федералната влада објави дека испраќа повеќе од 2.000 војници и 1.900 припадници на Националната гарда на Закатекас за ја подобри безбедносната ситуација во оваа сојузна држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk