logo
logo
logo

Пет мртви во Мјанмар откако воен автомобил влета меѓу демонстранти

Vecer | 05.12.2021

Пет мртви во Мјанмар откако воен автомобил влета меѓу демонстранти

Пет демонстранти загинале а најамлку 15 се ѕаспени откако возило на мјанмарските безбедносни сили во неделата утрото во Јангон влетал во противниците на воената хунта, извести локалниот новински портал Myanmar Now.

Очевидци од местото на настанот за Reuters рекле дека десетици лица се повредени. Фотографиите и снимките на социјалните мрежи покажуваат возило кое влетало меѓу демонстрантите и тела како лежат на коловозот.

Автомобилот во кој биле војници влетал во масата од грб, рекле двајца сведоци, и следело растурање на демонстрантите, апсејќи ги и тепајќи ги. Некои биле сериозно повредени, со рани на главите и нез свест, според очевидците.

Портпаролот на хунатата не го коментирал инцидентот.

Уште еден протест е одржан во Јангон попладнето во неделата по локално време, и покрај утринското насилство.

Протестите против хунтата продоилжуваат и покрај тоа што повеќе од 1.300 луѓе загинаа од пучот на 1-ви февраури. Распарчените протести се често на помали групи кои изразуваат спротиставување за уривањето на избраната влада која ја водеше нобеловката Аунг Су Чи која е ставена во домашен притвор под обвинувања за манипулации на изборите и злоупотреба на позицијата.

Опозициската влада во сенка соопшти дека е тажна што гледа како мирните демонстранти се прегазуваат и убиваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk