logo
logo
logo

СМРТОНОСНО СЕЛФИ: Цело семејство се удавило при обид да се фотографираат!

Vecer | 27.05.2021

СМРТОНОСНО СЕЛФИ: Цело семејство се удавило при обид да се фотографираат!

Петмина членови на едно семејство се удавиле кога паднала платформа на која се подготвувале да направат селфи, објави индонезиската полиција.

Семејството, вкупно 14 члена, се наоѓало на брегот на езерото Канди, туристичка дестинација во западниот дел на островот Суматра.

„Тие се обидувале да направат селфи на платформата, кога се случил инцидентот“, објасни шефот на локалната полиција, Јунаиди Нур, прецизирајќи дека по затворањето, местото веќе не било под надзор. Меѓу жртвите има и 17-годишник.

Спасувачките екипи ги извлекле телата и отворена е истрага за случајот, соопшти шефот на полицијата.

На почетокот на овој месец, деветмина Индонезијци се удавија кога преполн брод потона во близина на островот Јава, бидејќи туристите сакале да направат селфи.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk