Песков: Истрагата за руското мешање е главоболка за САД, не за нас

Истрагата за наводното руско мешање во изборите во САД, Кремљ денеска ја нарече  главоболка за властите на САД, а не за Русите.

Портпаролот на Кремљ не сакаша да даде коментар околу отпуштањето на американскиот јавен обвинител Џеф Сешнс. Јавниот обвинител Џеф Сешнс вчера доби отказ од претседателот Доналд Трамп.

Американскиот претседател постојано го критикуваше Сешнс откако тој се прогласи за ненадлежен за истрагата за наводното руско мешање во изборите во 2016 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека отпуштањето на Сешнс, кој од страна на Трамп беше разрешен ден претходно, не е нешто со кое Кремљ треба да се справува.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари