logo
logo
logo

Пентагон: Украинците со наши ракети погодија повеќе руски командни позиции

Vecer | 02.07.2022

Пентагон: Украинците со наши ракети погодија повеќе руски командни позиции

Со нив, тврди тој, погодиле неколку руски командни позиции и ги ослабнале руските капацитети на бојното поле.

„Украинците сега можат внимателно да избираат цели кои ќе ги поткопаат руските напори на многу посистематски начин отколку што досега можеа со артилерија со краток дострел“, им изјавил претставникот на новинарите.

Тој посочува дека Украинците штотуку почнале да ги користат HIMARS, но досега успеале многу ефикасно да ги користат по краткиот тренинг кој завршил неодамна. Америка испрати најмалку четири HIMARS во Украина и вети уште четири.

Тие напредни повеќецевни ракетни фрлачи имаат дострел поголем од 60 километри, што им овозможува на Украинците да ги нападнат Русите од поголема далечина и со поголема прецизност од претходно.

„Она што го гледаме е дека Украинците систематски избираат цели и прецизно ги погодуваат. Тоа им овозможува прецизен метод за поткопување на руските способности“, рече претставникот на Пентагон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk