logo
logo
logo

ПРАВИЛА НА ЖИВОТ ЗА НАРЕДНИ 12 МЕСЕЦИ

Како ќе живеат вакцинираните, а како невакцинираните лица во 2021? Патувања, собиранки, ризици...

Vecer | 12.05.2021

Како ќе живеат вакцинираните, а како невакцинираните лица во 2021? Патувања, собиранки, ризици...

Многу луѓе се надеваат дека откако ќе ја примат вакцината против Ковид-19 ќе го означат стартот на нормалниот живот, односно ќе му се вратат на оној живот пред пандемијата. За многумина вакцината значи фрлање на маските, укинување на препораката за социјално дистанцирање, враќање на ноќниот живот во полна пареа и големи прегратки со најблиските.

Но, реалноста е покомплицирана. Засега, оние кои ги примиле двете дози вакцина мора да се прилагодат во свет каде коегзистираат и вакцинирани и невакцинирани луѓе. Ваквата поделба е присутна речиси секаде, на секој континент, во секоја држава, во секое маало, па дури и во секое семејство.

Па оттука се провлекува прашањето: Што треба, а што не треба да прават оние кои добиле две дози вакцина?

Центарот за контрола и превенција на болести на САД неделава издаде прирачник односно упатство по кое треба да се однесуваат вакцинираните лица.

Впрочем, целосно вакцинираните лица можат да се соберат во затворен простор и тоа без дополнителни мерки на претпазливост. Исто така, тие може да имаат средба со невакцинирано семејство и тоа без маски но само доколку членовите на семејството се здрави и не се изложени на ризик за развој на посериозен случај на Ковид-19.

Но, Центарот за контрола и превенција на болести на САД истакна и посочи дека целосно вакцинираните луѓе треба да продолжат да ги почитуваат мерки на претпазливост на јавни места и приватни дружби.

-Постојат неколку активности кои целосно вакцинираните луѓе можат да почнат да ги прават во своите домови, но што се однесува до надворешниот свет мерките на претпазливост треба се уште да постојат, изјавил директорот на Центарот, Рошел Валенски.

Впрочем, тој и уште многу други експерти се согласуваат дека се додека не се постигне колективен имунитет (значително мнозинство од населението да е заштитено преку вакцинација или природна инфекција) носењето маска, социјалната дистанца и избегнувањето на гужви и затворени собири ќе остане стандарна практика во животот на граѓаните.

Во правилата издадени од Центарот за контрола и превенција на болести на САД стои дека вакцинираните лица имаат многу мала веројатност да го пренесат вирусот, но има отворени прашања кои се однесуваат на времетраењето на заштитата на вакцините и влијанието на мутациите кои се појавуваат.

-Ваквата загриженост е особено истакната за овие месеци кога процентот на вакцинирани лица е многу мал. Ние се уште учиме за мутациите на вирусот и се уште не знаеме се за тоа како овие мутации се пренесуваат. Затоа и замолуваме претпазливо однесување и кај вакцинираните лица, вели Крис Бејрер професор по емидемиологија на Факултетот за јавно здравје John Hopkins .

Дали е во ред вакцинирани лица да се дружат со други вакцинирани лица?

Во правилата и упатствата издадени од Центарот стои дека оние кои ја примиле втората доза најпрвин треба да почекаат најмалку две недели од денот на аплицирање на вакцината Фајзер или Модерна за да можат да почнат да остваруваат средби. Сепак овие средби треба да се само со вакцинирани лица.

-Средбите во затворен простор со други вакцинирани лица научно се докажани како безбедни, вели Пол.Е.Сакс, директор на одделот за заразни болести во Бригам.

Според него, ништо не е 100% безбедно, но дружбите со други вакцинирани луѓе е прилично безбедна средина, додава тој.

-Не мислам дека луѓето треба да седат во преполн ноќен бар. Но социјализацијата е дел од човековата природа и моментално ставена во мирување. Колку е поголема групата, толку е поголема шансата за интеракција. Не можете да потврдите дека сите со кои се дружите се вакцинирани, ниту пак знаете тие лица колку ризични контакти имаат во еден ден, вели тој при тоа додавајќи дека како вакциниран човек се дружи само со тројца пријатели.

Впрочем, упатствата на Центарот велат дека мерките на претпазливост треба да се почитуваат кога станува збор за средни и поголеми собори без разлика на вакциналниот статус на луѓето.

Моника Ганди, доктор за заразни болести и професор по медицина на Универзитетот во Калифорнија е помалку конзервативна и вели дека не треба да има граница ниту пак ограничувања на собирите кога станува збор за вакцинирани лица.

-Тие лица можат да излегуваат. Можат да одат во ресторани, барови, кафичи. Можат да одат и во кино, вели таа при тоа додавајќи дека целосно вакцинираните лица мора да носат маски се додека не се постигне колективен имунитет.

Што ако родителите се вакцинирани, а децата не?

Ваквата ситуација е една од оние прашања за кои семејствата ќе мора да бидат претпазливи, вели Д-р Бејрер.

Упатствата издадени од Центарот велат дека целосно вакцинираните лица може да посетуваат затворени простории без да носат маски или оддржуваат дистанца доколку невакцинираните лица во таа просторија имаал мал ризик за развивање на тешка клиничка слика.

Меѓутоа, постои значителна разлика помеѓу малите деца и тинејџерите во однос на пренесување на вирусот. Тинејџерите се заразуваат и го пренесуваат вирусот слично како младите лица, додека пак дечињата не добиваат симптоматска болест толку често и се чини дека не се преносители.

-Секое семејство ќе треба да носи одлуки засновани врз нивната толеранција на ризик, вели Д-р Сакс.

Лицата со имунитет и нивните семејства треба да бидат повнимателни бидејќи вакцините можат да бидат помалку ефикасни кај нив.

Д-р Вен пак им препорачува на семејствата да продолжат да превземаат мерки на претпазливост во случаи кога нивните деца не се вакцинирани.

-Доколку тие семејства се дружат и со други семејства тогаш имаме ризично сценарио кое во овој момент не би го препорачала, додава таа.

Дали целосно вакцинираните семејства може да имаат средби без маски со невакцинирани семејства во затворен простор?

Во упатствата на Центарот се вели дека можат, меѓутоа се додека невакцинираните лица се од едно домаќинство и немаат фактори на ризик дека ќе развијат тешка клиничка слика.

Сепак според многу експерти, ваквите средби се потенцијален ризик бидејќи невакцинираните лица не можат да ги предвидат своите медицински ризици, па дури и да бидат свесни дека ги имаат.

Дали вакцинираните лица можат да го пренесат вирусот на невакцинираните лица?

Неодамнешните истражувања велат дека вакцинацијата ја намалува асимптоматската инфекција повеќе од 80% споредувајќи ги со невакцинираните лица. Но според некои експерти овие докази се само прелиминарни и потребни се поубедливи докази и истражувања. Особено кога ќе се земав во предвид новите мутации на Ковид инфекцијата и дополнителните прашања за времетраењето на ефикасноста на вакцините.

На кои активности треба да им дадам предност откако ќе се вакцинирам?

Закажете ги сите рутински медицински прегледи кои сте ги одложувале. Направете колоноскопија, мамограф или стоматолошки преглед.

-Се што треба за да продолжите во добро здравје, додава Д-р Вен.

Дали можам да патувам?

Упатствата на американскиот Центар не ги ажурираа препораките за патување.

Откако ќе се вакцинирате, патувањето е со помал ризик, вели Д-р Вен, при тоа додавајќи дека истото важи и за престојување во хотел или посета на ресторан – се додека ги следите безбедносните протоколи.

[caption id="attachment_863221" align="alignnone" width="2048"] In this photo illustration the vaccination passport application for COVID-19 displayed on the smartphone screen. In the background, a map with coronavirus cases in the world. (Photo by Rafael Henrique / SOPA Images/Sipa USA)No Use Germany.[/caption]

Но според неа, треба да бидете претпазливи со локалните луѓе на вашата дестинација бидејќи не знаете дали се вакцинирани и каде биле пред да остварат контакт со вас.

Дали е безбедно за моите постари родители да патуваат за да ме посетат?

Д-р Вен вели дека целосно вакцинираните лица вклучително и здравите баби и дедовци треба да патуваат доколку се придржуваат до протоколите.

-Доколку ги следат мерките за претпазливост како носење маски и социјално дистанцирање тогаш ризикот од патување е многу мал. Мали се и шансите за пренесување на вирусот а големи се придобивките од повторните прегратки со семејството, додава таа.

Сепак, таа посочува дека постои специфичност и во ваквата ситуација особено во семејства каде децата тинејџери не се вакцинирани, па оттаму повикува на внимателност при ваквите собири.

Кои активности се со помал, а кои со поголем ризик по вакцинирањето?

Целосно вакцинираните лица можат да се чувствуваат безбедно во повеќе ситуации но само доколку невакцинираните носат маски. Според д-р Вен, посета на музеј каде се почитуваат мерките за претпазливост е безбедна активност.

Активности со поголем ризик според неа се затворени ресторани, барови, спортски сали, верски храмови, фитнес центри.

-Се уште не знаеме што можат вакцините да направат, односно колкава е нивната ефикасност. Ќе бидеме сигурни кога бројките ќе паднат на глобално ниво, завршува таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk