logo
logo
logo

Партијата на Шолц: Германија и сојузниците ѝ испраќаат 80 „Леопарди“ на Украина

Vecer | 25.01.2023

Партијата на Шолц: Германија и сојузниците ѝ испраќаат 80 „Леопарди“ на Украина

Наскоро ќе бидат испорачани два баталјона (вкупно околу 80 тенкови) од типот Леопард 2 А6“, објави Социјалдемократската партија на Твитер.

„14 од тие тенкови потекнуваат од залихите на вооружените сили на Германија. Покрај тоа, германската влада им даде дозвола на други земји да ја снабдуваат Украина со сопствените тенкови Леопард“, се вели во твитот. Да потсетиме, во Украина за неколку месеци треба да пристигнат и 31 напреден американски тенк од типот Абрамс, додека Обединетото Кралство вети дека ќе испрати 14 тенкови од типот Челинџер 2.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk