Законот беше инициран со петиција со која се повикува властите да го отпочнат процесот на пристапување. Собрани се над 50.000 потписи, што е неопходно за едно прашање да се дебатира во Парламентот.
Ерменија во 2024 година соопшти дека излегува од Организацијата Договор за колективна безбедност, која е пандан на НАТО и е предводена од Кремљ. Ереван тогаш ја обвини Организацијата дека не интервенирала кога Ерменија беше нападната од соседен Азербејџан.
Но, Ерменија и понатаму е зависна од руската енергија и трговија, а исто така има и руска воена база на своја територија.
Рускиот заменик премиер Алексеј Оверчук неодамна ерменските аспирации за членство во ЕУ ги спореди како „купување билет за Титаник“ и предупреди на економските последици.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата