logo
logo
logo

НАЦИОНАЛЕН ПАРК НА УЖАСОТ! Откако е отворен убиени се 200 луѓе

Vecer | 22.02.2021

НАЦИОНАЛЕН ПАРК НА УЖАСОТ! Откако е отворен убиени се 200 луѓе

Италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго и уште две лица се убиени во напад на конвој на Обединетите нации во немирниот исток на оваа централноафриканска држава.

Конвојот од Светската програма за храна бил нападнат околу 10:15 часот по локално време за време на обид за киднапирање во близина на градот Канјамахоро, на околу 10 милји северно од регионалниот главен град Гома, изјави портпаролот на Националниот парк Вирунга.

Амбасадорот Лука Атанасио и италијански воен полицаец кои патувале со него биле убиени, се вели во соопштението на италијанското Министерство за надворешни работи.

Во нападот загинал и возачот, објави Гардијан

Ова е втор европски амбасадор кој е  убиен додека служел во ДР Конго. Во јануари 1993 година, францускиот амбасадор Филип Бернард беше убиен за време на немирите во Киншаса предизвикани од војниците кои се спротивставија на диктаторот Мобуту Сесе Секо.

Десетици вооружени групи дејствуваат во и околу Вирунга, која се наоѓа покрај границите на ДР Конго со Руанда и Уганда.

Најчесто напаѓани се чуварите на паркот вклучително и шестмина кои беа убиени во заседа минатиот месец, а локалните безбедносни сили се со недоволно ресурси, слабо обучени и корумпирани, за да ги заштитат.

Националниот парк Вирунга е дом на многу загрозени горили, поради што осомничени се неколку групи кои се занимаваат со ловокрадство.

Повеќе од 200 ВРАБОТНИЦИ се починати од отворањето на паркот

Управата на Вирунга во соопштението за јавноста вели дека според првичните наоди нападот бил изненадувачки и дека луѓето немале шанса да се одбранат.

- Веројатноста е дека локалните групи Маи-Маи ќе бидат одговорни за нападот. Националниот парк Вирунга длабоко жали трагичната загуба и се залага за заштита на паркот и соседните заедници од тиранијата на вооружени групи.

Од отворањето на Националниот парк Вирунга во 1925 година, повеќе од 200 луѓе се убиени работејќи ја својата работа.

Дванаесет жртви се додадени дури во април 2020 година. Персоналот на паркот во моментов се соочува со голем проблем, бидејќи Конго беснее во граѓанската војна, а ловокрадците не ги оставаат животните на мира.

Тие се надеваат дека насилството ќе заврши наскоро и дека животните во паркот исто така ќе бидат повторно безбедни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk