logo
logo
logo

Париз ги суспендира летовите кон Бразил за да спречи ширење на новиот сој

Vecer | 13.04.2021

Париз ги суспендира летовите кон Бразил за да спречи ширење на новиот сој

Француските власти ќе ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил со цел да се спречи ширењето на новиот вид на коронавирус, откриен во таа јужноамериканска земја, изјави францускиот премиер Жан Касте.

Во обраќањето пред францускиот парламент во Париз, Касте рече дека властите се свесни дека епидемиолошката состојба се влошува и одлучија да ги прекинат сите летови меѓу Франција и Бразил до ново известување.

Неколку водечки француски лекари со денови ги повикуваат властите да го прекинат воздушниот сообраќај на релација со Бразил.

Француската министерка за здравство Оливија Веран минатиот месец изјави дека соеви од вирусот корона од Бразил и Јужна Африка се регистрирани кај околу шест проценти од заразените во Франција.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk