„Гардијан“: Скоро 875.000 граѓани на Лондон имаат повеќе од еден милион долари

Според годишното истражување на агенцијата за недвижнини „Најт Френк” за најбогатите луѓе во светот, Лондон го надмина Њујорк според бројот на доларски милионери и стана прв град во оваа категорија во светот,

Скоро 875.000 граѓани на Лондон имаат над еден милион долари, јави „Гардијан“.

Тоа практично значи дека секој десетти жител на главниот град на Велика Британија е милионер, што покажува дека постои голема јазл меѓу лондончани, бидејќи, според владини податоци, над два и пол милиони лица (28 проценти) живеат во сиромаштија.

Извештајот покажува дека 874.354 луѓе имаат недвижен имот, вредности и пари кои надминуваат еден милион долари, додека во второпласираниот Њујорк има околу 820.000.