logo
logo
logo

Папата се расплака кога во обраќањето ја спомена Украина (ВИДЕО)

Vecer | 08.12.2022

Папата се расплака кога во обраќањето ја спомена Украина (ВИДЕО)

Гласот на папата почна да се тресе во моментот кога ги спомна Украинците, па мораше да паузира околу 30 секунди, бидејќи не можеше да го врати гласот. Кога продолжи да се моли, гласот му замолкна. Насобраните, меѓу кои и градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, кој беше веднаш до папата, аплаудираа кога сфатија дека папата не може да зборува и кога видоа дека плаче.

Фрањо се скрши за време на традиционалната молитва на Дева Марија во подножјето на статуата на празникот Пречиста, национален празник во Италија. „Безгрешна девице, денес би сакал да ви ја пренесам благодарноста на украинскиот народ“, рече тој пред да го совладаат емоциите и пред да  престане.

Кога се прибра, продолжи: „Наместо тоа, морам уште еднаш да ви ги пренесам молбите на децата, постарите, татковците и мајките, младите од таа маченичка земја, која толку многу страда.

Откако Русија ја нападна соседната земја во февруари, Франциск ја споменува Украина во речиси сите свои јавни обраќања и е сè покритичен кон Москва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk